spot_img
НачалоНовиниДа беше Македонија на „Фејсбук“...

Да беше Македонија на „Фејсбук“…

Източник: в. Дневник, Скопие
Автор: Зоран Андоновски
Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“, истиот ден кога ја стави на берза компанијата се ожени и веднаш го апдејтираше статусот на неговиот профил во „оженет“.
Kога државава Македонија би имала фејсбук-профил, што ќе напишеше под статус? Сингл? Во врска? Земја која поради спорот со Грција не напредува во интеграциите? Оди кон ЕУ? Kон НАТО?

Треба ли да се смени нешто по интервјуто на премиерот Никола Груевски во кое тој однесувањето на големите сили Америка, Германија и Франција и големите организации НАТО и ЕУ го нарече лицемерно, непринципиелно, со двојни стандарди, дипломатска игра без граници, фрлање прав в очи и класична демонстрација на сила. Kаков би ни бил сега фејсбук-статусот? Би напишале ли „остануваме кандидат“? Ако се прашува премиерот и ако се преземе описот од интервјуто, ние би биле „земја кон која крајно непринципиелно и некоректно се однесуваат и ја малтретираат со години, а секогаш ја канат кога им треба, дали тоа е во моменти кога им е неопходна за логистичка база како што беше при интервенцијата во 1999 година кон Србија, или кога требаше да бидеме во Авганистан, во Ирак, и други настани каде што им требаат сојузници, им треба нашата војска, нашето присуство, нашето знаме, нашата одлучност … “
Kога Груевски, пак, би го пишал статусот на Америка, Германија и Франција би ставил „наши пријатели, но истовремено се поголеми пријатели на Грција“, паралелно со она лицемерни, непринципиелни, со двојни стандарди.
Kаков е сега статусот на Грција како држава? Пред банкрот, на прагот на хаос, на прагот на нови избори, држава пред излез од еврозоната или пред излез од кризата? Нашиот премиер тоа би го напишал поинаку: „Недвосмислено тоа е земја која во последните две децении со сите сили го кочи нашиот развој и напредок, вложува огромни ресурси во тоа, троши огромен политички кредит и прашањето со нас го користи пред с` во внатрешнополитички цели и популистичка пропаганда. С` со единствена цел, да се смени името на државата, името на нашиот народ, името на нашиот јазик и севкупно нашиот идентитет. Додека го замајуваа народот во Грција со покажување мускули кон нас, со загорчување на иднината на два милиона народ, кои се пред с` луѓе, а потоа и соседи, еве на очиглед на целиот свет гледаме што правеле зад сцената и во каква ситуација ја донесле својата земја“.
Kога пресудата од Хаг би отворила фејсбук-профил, што би ставила под статус? Дека „не ја почитуваат и не ја земаат предвид иако ја прогласи Грција за виновна дека ја прекршила Привремената спогодба со тоа што ни вложила вето во Букурешт“?
Kога Привремената спогодба би отворила фејсбук-профил што би ставила под статус? Жива? Едвај жива? На умирање? Се сеќава ли некој на неа? Време ли е и нејзе да ~ се направи апдејт? Зошто некој би ја сметал за валидна ако едната страна не ја почитува најбитната клаузула која вели дека не смее да го попречува членството итн. итн.? Некои сметаат дека Спогодбата уште од Букурешт 2008 година е клинички мртва и дека треба да ~ се скратат маките. Никој не го посетува нејзиниот фејсбук-профил … никој не стиска лајк на нејзиниот статус.
Kонечно, кога преговорите за името би имале фејсбук-профил што би ставиле под статус? Замрзнати се додека не се создадат услови за одмрзнување …
*Фејсбук-статус е едно прозорче кое на корисниците на социјалната мрежа им овозможува да споделат мисли, локација или важни информации со нивните пријатели. Статусот обично е кус и генерално само информира без премногу детали. Kога статустот се апдејтува, (се впишува новата состојба) тоа се појавува на личниот информативен „ѕид“ и кај сите пријатели. Тие на тоа може да остават коментари или, пак, само да кликнат на „лајк“. Услугата е воведена во 2006 година и тогаш мораше да почнува со „е“. На пример: „Марк Цукерберг е … “. Во 2007 година тоа беше укинато и дополнето со прашањето „Што правиш со моментов“(What are you doing right now?). Во март 2009 година, прашањето беше сменето во „За што размислуваш“ (What’s on your mind). Голем процент од постовите за статус се обиди за хумор или за мудрување, па има многу страници, апликации и книги кои нудат помош да си го формулирате статусот да ви биде интересен.
Изгледа Груевски токму тоа и го направи.
3 юни 2012

СВЪРЗАНИ СТАТИИ

ОСТАВИ ОТГОВОР

Въведете своя коментар!
Въведете Вашето име

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ НОВИНИ

КОМЕНТАРИ