spot_img
НачалоНовини„Дневник”, Скопие: Софија нема да н` блокира во ЕУ

„Дневник”, Скопие: Софија нема да н` блокира во ЕУ

След допитване до българския политолог Петър-Емил Митев и директора на Центъра за либерални изследвания Димитър Бечев македонското издание „Дневник“ посочва, че българските политически експерти са оптимисти за бъдещите отношения между България и Македония.
Източник: Македонското издание „Дневник“
Портпаролот на Европската комисија Петер Стано изјавил дека Kомисијата нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија

Бугарија и Македонија мора да соработуваат како добри соседи, а отворените прашања да ги решаваат без закани, со билатерален дијалог, оценуваат бугарските експерти. По предвидувањата дека Бугарија може да стане втора Грција и да ја блокира Македонија во евроинтегративниот процес, дел од експертите сметаат дека тоа нема да се случи, но дека има прашања кои двете земји треба да ги решат.
Професорот на софискиот универзитет „Св. Kлимент Охридски“, Петар-Емил Митев, вели дека не недостига добрососедство.
– Бугарија нема да стане втора Грција. Не помислувам на тоа. Не мислам дека која и да е бугарска влада може да стави пречка за членството на Македонија во ЕУ и во НАТО – вели Митев.
Според него, во Бугарија има загриженост за некои прашања од меѓусебните односи, пред с` за односот кон граѓани на Македонија со бугарско национално сознание и односот кон историските настани.
– Има повици за „тврда линија“ за овие прашања. Но, не мислам дека таква линија одговара на бугарските интереси, како и на ставовите на мнозинството – додава Митев.
Неговата оценка е дека има многу неискористени можности за соработка во областа на медиумите и културата, при што нема дури ни размена на весници и списанија, а малку се пишува и се знае за современите работи во двете земји.
Бугарскиот експерт од Европскиот совет за надворешни прашања, Димитар Бечев вели дека двете земји мора да соработуваат како добри соседи на Балканот.
– Но, актуелната влада во Скопjе изгледа дека нема посебен интерес за соработка. Од друга страна, антиквизациjата ги радикализира националистичките гласови во Софиjа кои jа повикуваат владата да прави притисок врз Македониjа – одговара за „Дневник“.
Неговата оценка е дека таквата состоjба не води во позитивен правец. Бечев објаснува дека тој секогаш се залагал Бугариjа да ~ помага на Македониjа во неjзините напори за пристап во ЕУ. Но доколку ова нема да биде можно со оглед на проблемите во меѓусебните односи, Бечев не исклучува дека Софиjа би можела да ги фокусира своите надворешни иницијативи кон други земји од Западен Балкан.
Портпаролот на еврокомесарот Штефан Филе, Петер Стано вчера изјавил дека Европската комисија нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство и сака тие да бидат решени преку билатерален дијалог.
За Бугарското национално радио тој ги коментирал односите меѓу Софија и Скопје, конкретно во врска со филмот „Трето полувреме“, кој според бугарските политичари и историчари поттикнувал омраза кон Бугарија.
– Ние нема да ги коментираме чувствата или интерпретациите на која и да било страна. Ако тој филм поставува прашања, ако допира чувствителни теми и ако создава проблеми во односите меѓу двете земји, тогаш тие треба да ги разгледаат тие проблеми и да ги надминат. Во овој случај говориме за филм кој обработува настани од Втората светска војна и препорачливо е историчарите да водат дебати за него. Не е работа на Европската комисија да суди или да кажува чии интерпретации се точни, а чии погрешни – изјавил Стано.
21 септември 2012

СВЪРЗАНИ СТАТИИ

ОСТАВИ ОТГОВОР

Въведете своя коментар!
Въведете Вашето име

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНИ НОВИНИ

КОМЕНТАРИ