Проучване на общественото мнение в България е цитирано от македонския вестник „Дневник“ в публикация преди дни. Допитването е направено от института „Иван Хаджийски“, ръководен от социолога проф. Петър-Емил Митев. Цитираните в статията данни показват желанието сред немалко българи за твърда българска политика, отстояваща историческите факти. Затова и материалът носи заглавието „Червени линии и от българските граждани“.
АНKЕТА НА СОФИСКИОТ ИНСТИТУТ „ИВАН ХАЏИСKИ“
Мнозинството испитаници даваат поддршка за поцврста политика кон нашата држава
Педесет и еден процент од бугарското население, од кои најголем број интелектуалци, ја поддржуваат тврдата позиција на тамошните власти кон Македонија, а само 21 отсто се за компромисно решение на спорните теми меѓу двете држави. Ваквите резултати ги покажува истражувањето на бугарскиот Институт за социјални вредности и структури „Иван Хаџиски“, спроведено минатиот месец, кое го доби „Дневник“.
Над 1.000 испитаници од Софија и околните помали градови требало да изберат која теза е поблиска до нивниот начин на размислување. Бројките покажуваат дека најголем дел од нив се за „бугарската политика кон Македонија базирана на цврстите ставови на историската вистина“, а многу мал број дека „треба да се заснова на компромиси за спорните теми од минатото, во интерес на разбирањето“. Околу 28 отсто од вкупниот број испитаници не можеле да проценат која опција им е поблиска, стои во истражувањето.
Истите прашања им биле поставени и на бугарските партии. Нивните одговори се само потврда на анализата на „Дневник“ дека на неколку месеци пред изборите, бугарските партии се обединети под антимакедонското знаме. Имено, 63 проценти од владејачката десничарска партија ГЕРБ и 68 од националистичката АТАKА не прифаќаат компромиси. Вака размислуваат и најголем број бугарски бизнисмени.
Според професорот на бугарскиот универзитет Петар-Емил Митев, ваквите податоци покажуваат колку „потврда“ станува Бугарија. Од „безрезервна поддршка“ за македонскиот пат кон ЕУ сега поддршката е „условна“, а реториката с` понегативна.
– Бугарските власти ги форсираат „црвените линии“ со оправдување дека Македонија води антибугарска кампања, ги манипулира историските факти, му пречи на бугарскиот бизнис и го дискриминира бугарското малцинство. ГЕРБ како типична лидерска партија ќе се држи до црвените линии, а богами и има силна општествена поддршка – објаснува професор Митев, кој е и директор на институтот „Иван Хаџиски“.
Алтернативна позиција што фрла светлина на оваа приказна е социјалистичката БСП. Социјалистите сметаат дека вклучувањето на Македонија во европското семејство позитивно би се одразило врз Бугарија.
– На пример, тие сметаат оти ќе се преземат конструктивни чекори во интерес на двете држави како што е изградбата на Kоридорот 8, но и ќе се зајакнат врските меѓу бугарските и македонските социјалисти. Тие се против Бугарија да го искористи правото на вето за да ја блокира Македонија – потенцира Митев.
Вигенин го критикува Борисов
Тврдите позиции и стилот на официјална Бугарија деновиве негативно ги оцени и европратеникот од Бугарија, Kристијан Вигенин. Преку социјална мрежа тој го обвини премиерот Борисов дека „наместо да седне со својот македонски колега Груевски на некој од форумите на Европската народна партија и да побара заеднички терен за акција, почна да се кара со Македонија преку медиумите“.