Начало Блог Скандална публикация в Скопие

Скандална публикация в Скопие

Скандален антибългарски материал побликува скопското издание „Нова Македония”. Поводът е разгорелият се спор заради изложбата на ЮНЕСКО в Белград, за който ВМРО.бг вече информира.

Материалът изобилства от злоба към България. Публикуваме го, не за да продължаваме споровете, които за пореден път раздалечават хората от двете страни на границата, а само за размисъл. Призоваваме всички отговорни фактори към хладнокръвие и великодушие, за да не влизаме в сценария на онези, които се опитват да ни разделят с хората на Македония.

Кога Бугарите сакаат да станат Македонци

Колку и да ги фрустрира тоа и да ги прави несреќни, Бугарите не се и не можат да бидат Македонци. И тука нема помош, независно колку некои тамошни кругови (за жал, сè повеќе официјални) ќе фалсификуваат, ќе се обидуваат да ја крадат историјата на груб и десперадоски начин, да условуваат и уценуваат, да ја покажуваат својата недобронамерност…

Секогаш кога некој ќе се обиде или и директно ќе се откаже од она што го потврдува неговото постоење, од историјата, јазикот, културата, традицијата, значи од самиот себе, станува јасно дека си имате работа со незадоволник, па и со длабоко несреќен човек, кој, не препознавајќи ги своите вредности и вредностите на својата земја, бара нешто повеќе со што ќе си ја лекува оловно тешката фрустрација што го притиснала. И таа состојба на духот, речиси по дефиниција, копа по туѓото, го фалсификува, го плагира, сака да му даде свои својства, да го приспособи на некои свои услови и потреби, да го приближи до себе, конечно, да го присвои, односно украде.

Човек не мора да биде навлезен во науката, не мора да знае ниту историја, а тоа сепак да не го спречи да го носи сознанието кој е и од каде потекнува, што бездруго ги прави беспредметни сите натамошни аргументи и „аргументи“ за неговата припадност и идентитет. Навистина, некои би сакале да бидат Французи, Англичани, дури и Бугари, како оној подзаборавен несреќник Љубчо Георгиевски, но, еве, и ако се успее да се земе такво државјанство, тоа сепак нема да значи дека неговиот корен може да се пронајде на галската земја, на онаа во Гордиот Албион или на некогашната татарска почва.

Македонецот, што е разбирливо, никогаш не сакал да биде Бугарин, па ослободен од таа фрустрација, никогаш не се ни обидел да присвојува нешто оттаму, некои настани или личности што останале забележани во историјата и во голема мера определиле сознанија за карактерот на една, во светски размери, не многу популарна и прифатлива бугарска политика. На пример, барем јас не се сеќавам, дека сме сакале да ги присвоиме царот Калојан или оној видински кнез Шишман што го опсадил едно од најголемите христијански светилишта Жича, да го земеме товарот на бугарското учество (заземената страна) во Првата и Втората светска војна или да го присвоиме галантниот подарок на цар Борис за Хитлер, во вид на македонските Евреи што заминаа неврат во Треблинка.

Но иако не верувам дека бугарската актуелна политика и историја се премногу засрамени од споменатите историски факти, сепак, повеќе од впечаток е дека на таа и таква историја се сака да ѝ се додаде и нешто светлина, некои позитивно верифицирани историски настани и личности. И тоа, нормално, не би било проблем доколку во тие светли примери се препознае нешто што носи бугарски печат и исто такво потекло. Но што да се прави, не е така.

Последниот скандал на, благо кажано, скандалозната бугарска политика и историја на меѓународната изложба „Идентитетот и паметта во 19 век“ во Белград, организирана од УНЕСКО, кога бугарскиот учесник којзнае по кој пат се обиде да ги украде корифејот на македонската национална борба Гоце Делчев и македонската епопеја Крушевската Република, е континуитет, стандардно непримерно однесување на нашиот источен сосед, кое несомнено може да се оцени и како недобрососедско, недобронамерно, па, ако сакате, и непријателско. И овој, како и многуте, навистина премногуте случаи од минатото кога официјална Софија, нејзините историчари-фалсификатори и понекој однароден Македонец сакаат да го докажат недокажливото, повторно ме уверува дека, всушност, станува збор за патолошки порив и за една ментална ситуација на која ѝ треба соодветна помош. Не знам, или ајде да бидам попрецизен, не верувам дека тажниот лик Красимир Каракачанов, смешниот Божидар Димитров или фарсичниот министер за култура Петар Стојанович ќе побараат чаре за својата умствена неурамнотеженост, но знам дека и овој пат свое влијание за нерационалното однесување, во медицината познато како ignava ratio (мрзлив ум), има сега веќе фактот за незадоволството од самите себеси, од своето потекло, историја, културен и цивилизациски бекграунд. Меѓутоа, иако се разбира сочувствувам со нив и некако ми е жал за нивната неможност да досегнат повеќе од тоа што се, сепак, објективно, ниту јас ниту кој било на овој свет може да им помогне и да ги направи Македонци. А, верувам, толку би сакале: оној Асен Коломан да го заменат со цар Самуил, Гарванов со Сандански или некој лик од времето на фашистичка Бугарија со овдешен борец од НОБ, вклучен во антифашистичката борба многу, многу порано „след 9 септември 1944 година“.

Колку и да ги фрустрира тоа и да ги прави несреќни, Бугарите не се и не можат да бидат Македонци. И тука нема помош, независно колку некои тамошни кругови (за жал, сè повеќе официјални) ќе фалсификуваат, ќе се обидуваат да ја крадат историјата на груб и десперадоски начин, да условуваат и уценуваат, да ја покажуваат својата недобронамерност… Не можат зашто, всушност, сè е сведено на едноставност, на историско паметење, на културни, јазични, традиционални и цивилизациски придобивки, на очигледни разлики што не може да ги претопи во истоветно некој краткотраен Санстефански договор, некој сон што вечно трае, небаре е просо во умот на заспана кокошка. Затоа, драги комшии, бидете си тоа што сте и од каде сте, можеби и таму може да се пронајдат светли примери од историјата.

Последни Новини

Красимир Червилов води листата на ВМРО в Стара Загора

Днес в Районната избирателна комисия – Стара Загора ПП „ВМРО – Българско национално движение“ регистрира листата си с кандидати за народни представители...

ВМРО регистрира своята листа за предстоящите парламентарни избори в област Добрич

Днес ВМРО регистрира листата си с кандидати за народни представители от 8 МИР Добрич. Водач на листата е...

ВМРО регистрира листата си в Кюстендил

Областната структура на ВМРО регистрира листата си с кандидати за народни представители в предстоящите избори за Народно събрание в РИК – Кюстендил.

Красимир Каракачанов: В момента двете лица на ЕС са Виктор Орбан и Урсула фон дер Лайен

За съжаление в последните 20 години се отнема суверенитет на държавите членове на Европейския съюз за сметка на повечето права за Еврокомисията....

Красимир Богданов: Държавата води убийствена политика спрямо малките населени места

Държавата води убийствена политика спрямо малките населени места. Непрекъснато се говори за демографска политика, а се прави всичко възможно да се прогони...

В Шумен ВМРО регистрира листата си за народни представители

Водач на листата на ВМРО – БНД за изборите на 9 юни 2024 г. в 30 многомандатен район – Шумен ще бъде...

ВМРО почете жертвите на наводнението във Враца

1 май е ден за почит към стотиците невинни жертви от Враца и Згориград, загинали в наводнението през 1966 г.

Коментари

serdivan escort adapazarı escort odunpazarı escort

escort bayan sakarya escort bayan eskişehir